10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Додека ВМРО-ДПМНЕ продуцира лажни вести, СДСМ ја води државата кон напредок, просперитет, НАТО и ЕУ

Додека ВМРО-ДПМНЕ продуцира лажни вести, СДСМ ја води државата кон напредок, просперитет, НАТО и ЕУ, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ништо ново од белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ, извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се заглавени во матрицата на лажни вести и конструирани случаи .

Како дел од продукцијата на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ се и изнесените лаги за претседателот Заев и за членови на неговото семејство.

Во отсуство на реални политики и мерки ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Христијан Мицкоски своето делување го базираат на валкана кампања, затоа што ништо друго и не знаат.

Стравот од одговорност за криминалите во белиот дворец дополнителнио кулминира, по носењето на Законот за јавно обвинителство.

Разликата е очигледна. Додека СДСМ е за правда и одговорност, ВМРО-ДПМНЕ е за амнестија на криминалците, за обнова на режимот и изолацијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се занимава со продукција на лаги ние ја водиме државата во НАТО и ЕУ, додека Мицкоски брани криминал, ние зголемуваме плати и обезбедуваме правда.

Нема да дозволиме, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот диригент од Будимпешта да ја вратат државата чекор назад во изолација, режим и неказнивост.

Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +