3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Почина информатичарот кој измисли копи-пејст

Информатичарот кој ја измисли командата копи-пејст почина на 74 години. Едноставната команда за сечење, копирање и лепење секому му го олеснува работниот ден и заштедува милиони часови работа. Зад тој концепт стои Лери Теслер, еден од пионерите на силициумската долина.

Теслер почнал да работи во силициумската долина во раните 60-ти по студирањето компјутерски науки на Стенфорд. Во време кога компјутерите беа недостапни за повеќето луѓе, Теслер се вработил во истражувачкиот оддел (PARC) во Xerox во 1973 година. Тој специјализирал за развој на кориснички интерфејс, или како да ги направи ИТ-системите полесни за употреба.

Тогаш тој го развил системот за сечење, копирање и лепење, кој со екот на годините на многумина им заштеди милиони и милиони часови работа. Овој концепт на команди е познат до ден-денес и практично е составен дел на која било канцелариска алатка./Makfax

Спонзорирано: