Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Директорот на СЗО Европа специјален гостин на вториот Национален форум за здравје

На вториот Национален форум за здравје под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“, специјален гостин повторно ќе биде регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

Регионалниот директор Клуге е голем пријател на Република Северна Македонија и поддржувач на процесите во здравството. Во февруари 2019 година ја посети нашата земја на првиот Национален форум за здравје, кадешто активно се работеше на Акциониот план за зајакнување на националниот систем на примарната здравствена заштита (ПЗЗ).

Форумот ќе се одржи во Скопје, на 27 февруари 2020 година, во организација на Министерството за здравство и со поддршка од СЗО.

Можеби ќе ве интересира

Битолчанец, струмичанец и скопјанец натепани од група малолетници, употребени и јајца!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОДЗЕМНА ГАРАЖА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Маж и жена пресретнати и нападнати од четири лица, еден бил вооружен со огнено оружје

ДЕСК

Апсења низ Скопје – МВР со детали

ДЕСК