Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров во работна посета на Шпанија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија по покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја.

На агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за заокружувањето на процесот на ратификација на пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО од страна на шпанскиот парламент, соработката во рамките на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, како и тековната состојба и перспективите за унапредување на севкупните билатерални односи.

Во рамките на посетата на Мадрид министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на долниот дом на шпанскиот парламент, Меричел Батет.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК