Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зеќири на ТВ 24: ВМРО ДПМНЕ не го почитува уставното име и е против евроинтеграциите

„ВМРО ДПМНЕ го гласаше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, со што покажа дека не им пречи тоа што државата Северна Македонија ќе биде 30-та членка на Алијансата. Од друга страна, Рашела Мизрахи не го почитува Уставот и се појавува пред табла со старото име на државата, па уште тоа го прави два пати и изјавува дека нема да ја смени таблата, туку ќе платела казна. Со тоа таа си потврди дека нема да го почитува Уставот. Тоа е дволичната игра на ВМРО ДПМНЕ“- изјави Мухамед Зеќири, пратеник и потпретседател СДСМ во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

Тој ја застапуваше тезата дека ВМРО ДПМНЕ само декларативно зборува за НАТО и ЕУ, а во праксата работи спротивно.

„Јас не верувам на раководството на ВМРО ДПМНЕ кога пласира спот во јавноста со потпретседателот кој изјавува никогаш Северна, само Македонија. Со тоа покажуваат дека се против евроинтеграциите“- дополни Зеќири.

Зеќири истакна дека СДСМ ќе води позитивна изборна кампања, потпирајќи се на досегашните успеси на домашен и меѓународен план.

„Нема да одиме со негативна кампања. Ние ќе им објасниме на гласачите што направивме за две и пол години. Знаат како им беше претходно, знаат како им е сега. Тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го исполниме“- заврши Зеќири.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК