Директорот на Агенцијата на катастар за недвижности и член на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Борис Тунџев на граѓанската трибна „Агенда Инфраструктура 20-24“ зборуваше за реформите во Агенцијата за катастар и недвижности и исправањето на грешките оставени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Агенцијата за катастар за недвижности е сервисно ориентирана инситуција во служба на граѓаните и институциите. Затоа така и треба да функционираме. Наследивме катастрофална ситуација во однос на квалитетот на информациите и многу неправди кон граѓаните, рече Тунџев.
Незапишани парцели со сопственички права кочеа инфраструктурни проекти од државни интереси, дополни Тунџев.
Тунџев се осврна и на намалување на цените во Агенцијата за катастар на недвижности.
Во интерес на граѓаните и на сите правни субјекти го укинавме двојното плаќање за услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Почнавме со измена на тарифниците, сите цени во однос запишување на сопственички права ги намаливме од 20-50 отсто. До 70 отсто ги намаливме цените за запишување на хипотеки на недвижности што е од особена важност за граѓаните и компаниите кои работат на полето на градежништво, истакна Тунџев.
Ниту еден спортски објект немаше имотен лист, почнувајќи од делбен биланс кога е направен со локалната самоуправа кога се преземени спортските објекти. Вакви состојби се доказ за негрижа за имотот на дражата до страна на ВМРО-ДПМНЕ и ние тоа го исправаме, заклучи Тунџев.