Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сугарески од трибината „Агенда Инфраструктура 20-24″: 94 отсто реализација на гасификацијата во 2019, следниот месец започнува нова градежна офанзива

Членот на ЦО на СДСМ Горан Сугарески денеска од програмската трибина Агенда 20-24 посветена на темата инфраструктура говореше за гасификацијата за што кажа дека има голем напредок.

„94 отсто има реализација на гасификацијата во 2019 година. Или вкупниот процент на реализација на капитални инвестиции на Министерството за транспорт и врски е 86 отсто. Делот на гасификација го завршуваме со кракот од Неготино до Битола, оваа година исто така завршуваме со кракот од Скопје преку Тетово до Гостивар. Се отпочнуваат нови проекти од Кичево до Гостивар, како и делот кај Велес”, рече Сугарески.

Зборувајќи и за социјалните станови, Сугарески кажа дека ќе почне изградба на зграда во скопската населба Бутел од 312 станови.

“Отпочнавме и изградба и во Пробиштип, Неготино и Виница”, Сугарески.

Сугарески очекува од 1 март да започне вистинска градежна офанзива кога ќе се реализираат низа проекти.

Сугарески на трибината ги спомна и измените во Законот за урбанизам коишто се усогласени со консензус од повеќе партии, а со што и ќе се спречи урбаниот хаос, односно ќе има ред каде и како може да се гради.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК