13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Верувам дека важните закони ќе бидат донесени и Собранието навреме ќе се распушти

Одговори на новинарски прашања, Зоран Заев, претседател на СДСМ – интегрален текст:

П1: Господине Заев како функционира коалицијата со ДУИ и со кои партии се преговара за нова коалиција?

Коалицијата со ДУИ функционира секако вчера од генералниот секретар на партијата како што можевте да прочитате и да видите со неговиот настап пративме сериозна порака за одговорност пред државата. Наша единствена цел е пред распуштањето на парламентот да се даде шанса да се гласаат законите, не само двотретинските закони, изборниот законик, разрешувањето на министерката за труд и социјална политика и неколку законски решенија. Буквално трошењето на неопходното време кое што е изброено до полноќ на 16 февруари кога се последните рокови за распуштање на парламентот не смееме да дозволиме со било какви игри и со било какви не знам планови да се наруши и процесот на дискусија деловничкото право на пратениците и на крајот правото да се изгласаат законите. Може ќе има двотретини, може ќе нема двотретини но ред е, и фер е, и чесно е пред државата да дадеме шанса да се изгласаат овие важни закони. Јас сум среќен што денеска продолжи работата на парламентот и гледам дека се турка работата. Благодарам и на флексибилноста и на претседателот на парламентот и на сите пратеници да работат денеска верувам согласно со своите деловнички права кој што ги имаат, ќе дадат шанса да сите овие законски решенија да бидат завршени со својата дискусија, да бидат гласани и после тоа да се распушти парламентот. Нема да дозволиме на било каков начин да се тргне од дневен ред макар и да не се стави на гласање вака законско решение важно како што е Законот за одбрана, Законот за јавно обвинителство, не знам изборниот законик кој што е утврден и доставен до парламентот како и пораката за сериозноста на државата , дека не смее да си дозволи министер во владата на Република Северна Македонија да го крши уставот и законот.

П2: За нови коалиции дали имате преговори со други партии?

За нови коалиции засега имаме преговори со нашите стандардни коалициони партнери и со некој од партиите кој што не биле досега со нас во коалиција. Разговараме, верувам дека ќе имаме конечни резултати од овие разговори под анализите што ги правиме а и разговорите со нив кој што се многу важни да имаме и програмски заеднички определби некаде на крајот на февруари месец. Уште еднаш потенцирам дека СДСМ има сериозен, голем па би го нарекол и уникатен коалиционен капацитет заради Едно општество за сите, заради сите храбри одлуки кој што ги донесовме во минатото и нема да оставиме тоа да не го искористиме, нормално се во функција на сериозна победа, сериозен чист мандат кој што ќе обезбеди стабилна пратеничка група со мнозинство гласови во новата влада во следниот четиригодишен мандат, заради тоа што претстои вистинска трансформација на целокупното наше општество и работа дома на економијата.

П3: Во синоќешната порака генералниот секретар на социјалните мрежи рече дека има можност да се формира нова стабилна влада,дали вие се гледате како премиер на таа нова влада?

Значи апсолутно ниту сум размислувал дали се гледам , ниту не. Сериозноста на пораката од генералниот секретар беше како што јас ја сфатив, ја сфативме и сите да престанат игрите кој што се играат во парламентот. За државата наша се работи, се работи за аргументација која што треба да ја дадеме на Холандија, на Франција и на сите други земји членки на ЕУ, се работи за уникатна можност која може со две третини да направиме обид да се донесат вака значајни закони. Едниот е консеквенца на нашето членство во НАТО, Законот за одбраната, а Законот за ЈО на крајот е правна држава. Реков преку овој закон ќе утврдиме дали ќе победи правната држава или ќе победат сите оние кои што де осомничени за незаконски дејствија. На крајот одговорноста е на сите пратеници. Јас очекувам навистина сериозна одговорност пред државата и пред нашиот народ да се донесат ваквите закони. Ниту сакаме ниту планираме формирање на мнозинство кое што е секако извесно знаете и вие новинарите дека е возможно да го направиме, тоа што сме пред обезбедување на 80 пратеници а не па за мнозинство од 61 пратеник, тоа е возможно. Не сакам никој да го сфати како закана, го испраќам јас како порака како потврда на нашиот генерален секретар дека тоа што е државата е пред се и над се за сите нас. После тоа се нашите политички партии и калкулации или слично. Ние сакаме да имаме избори на 12 април, сакаме навремено да се распушти парламентот но истовремено сакаме парламентот да си ја заврши работата онака како што е планирано. Законските решенија да се гласаат во парламентот.

П4: Дали ова значи дека нема да има распуштање на собранието и дека нема да има избори?

Верувам дека ќе се донесат законите. Денеска тргнаа работите, верувам дека навистина како и да ги гледате работите деловнички со одговорноста на сите пратеници од власта и од опозицијата законите може да се донесат односно да се гласа. Дали ќе има за сите закони двотретинско мнозинство, просто мнозинство соодветно како, се тоа ќе го знаеме на самиот чин на гласање. Јас реков јавно и уште еднаш ќе повторам кога одлучивме да го пуштиме Законот преку влада во парламентот имавме дадено збор од најмалку 80 пратеници. Секако дебатата продолжува после тоа, се држеа комисиите, се разгледува дебатата, се разговара со сите пратеници и верувам на крајот ќе се обезбедат неопходните најмалку 80 пратеници за да може вака важни законски решенија бидат усвоени од нашиот парламент.

Спонзорирано: