Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Пораката беше да престанат игрите во Парламентот

Сериозноста на пораката на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски беше да престанат игрите кои се играат во Парламентот, рече партискиот лидер и поранешен премиер, Зоран Заев.Тој порача дека не планираат да формираат ново мнозинсто кое, како што вели, е извесно.

-Ниту сакаме, ниту планираме формирање на мнозинство кое што секако е извесно, знаете и вие новинарите дека е возможно да го направиме заради тоа што сега обезбедуваме 80 пратеници, а не па за мнозинство од обезбедување на 61 пратеник. Тоа е возможно, не сакам никој да го сфати како закана, го испраќам јас како порака како потврда на нашиот генерален секретар дека тоа што е државата е пред се и над сите нас. Ние сакаме избори на 12 април, сакаме навремено да се распушти парламентот, но истовремено сакаме парламентот да си ја заврши рабтата онака како што е планирано, законските решенија да се гласаат, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК