Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Митрески: Пратениците да си ја завршат својата работа, да се донесат законите, па потоа да се распушти собранието

Ние како пратеничка група веќе кажавме дека имаме закони кои треба да ги донесеме пред распуштање на Собранието, за да се одржат изборите на 12 април. Тоа се Законот за АВМУ и законот за одбрана, законот за исплата на плата за професорите. – посочи координаторот на пратеничката група на СДСМ , Јован Митрески пред пратениците во Собранието.

Не е јасно ниту зошто десетина дена не се закажува ниту комисијата за труд и социјална политика, за покачување на платите на професорите во високото образование, освен ако е тоа заради тоа што имаме професори како Каракамишева на кои не им е потрeбно покачување на плата со оглед на тоа дека земаат пари од учество во управни одбори, но има и илјадници професори на кои им е многу значајно ова покачување.- истакна Митрески од собраниската говорница.

Митрески упати повик до сите пратеници на соработка и завршување на недовршената работа во собранието,со цел навремено распуштање и одржување на изборите на 12 април.

.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК