Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Драстичен пад на цената на нафтата – Следува уште поголемо поевтинување на горивата

Драстичен пад на цените на нафтата се забележани од јануари, таа според анализите паднала за 25% во споредба со јануари 2020-та година.

Нафтата во моментов е на најниско ниво во цените од декември 2018-та.Ваквиот епилог се должи на корона вирусот, кој се појави во Кина, која пак е најголемиот увозник на нафта во Светот.

Според новите податоци, барел американска лесна нафта во моментов се продава за нешто помалку од 49 долари, што е најниско ниво од ланскиот Божик.

Проценките се дека цените на горивата допрва ќе паѓаат.

Овој тренд нормално се случува и во нашата земја, каде во низа изминативе неколку недели поевтинуваат бензинот и нафтата, така што со последната одлука бензинот се намали за 0,5 денари, а нафтата за 1 денар и сега чинат 65,5 денари/ лидат еуросупер 95 односно 57,50 денари еуродизел.

Доколку овој тренд продолжи од понеделник реално е да очекуваме нов пад на цената на горивата во Македонија.

 

Можеби ќе ве интересира

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

ДЕСК

Курсна листа за 18 март 2026

ДЕСК

ЦЕНОВЕН ШОК ПРЕД ВЕЛИГДЕН: И во буџет-маркетите пазарувањето станува луксуз за македонските граѓани

ДЕСК