Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вилма до Катица: Вие колешке да мислевте, немаше да бидете на обвинителна клупа!

Тензично на денешното рочиште за „Рекет“. Одбраната бара целосно да се презентираат доказите и да не се исклучи јавноста. Но Судот поради приватност на разговорите, и заштита на приватноста на другите лица, рече дека ќе ја исклучи јавноста која ќе смета дека за тоа има потреба, јави ТВ21.

Реагираше Катица Јанева која рече дека обвинителството требало да мисли и на тоа кога ги презентирало доказите, а Рускоска и врати дека таа да мислела, немаше сега да биде на обвинителна клупа.

По ова се вклучи и Бојан Јовановски кој вербално ја нападна обивнителката Рускоска дека монтирала случаи. Судијата даде последна опомена пред да ги отстрани обвинетите. Судењето продолжува и се изведуваат и преслушуваат разговори во судница.

Веројатно јавноста подоцна ќе биде отстранета кога ќе почнат да се слушаат приватните разговори.

Можеби ќе ве интересира

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК