Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Повремен дожд и температури до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно.

Во северните и западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег, особено претпладне, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено по должина на Повардарието и во западните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, претпладне со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Можеби ќе ве интересира

Понеделник е неработен ден

ДЕСК

ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

ДЕСК

Бизнис форум во Стокхолм: Потврден силниот потенцијал за унапредување на македонско-шведската економска соработка

ДЕСК