Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на средба со Ди Мајо: Новата методологија на ЕУ е прифатлива за нас

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Луиџи ди Мајо, министер за надворешни работи на Република Италија.

На средбата се констатираше дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната јасна и безрезервна поддршка, којашто во континуитет и ја дава Италија на Северна Македонија, во однос на нашите евро-атлантски интеграции и се заблагодари за ратификувањето на Протоколот за членство на земјата во НАТО во италијанскиот парламент.

Пендаровски истакна дека новата методологија за преговарање е прифатлива за Северна Македонија, со цел да имаме ефективен процес на пристапување, со мерливи резултати и конкретни придобивки за граѓаните.

Претседателот подвлече дека за нашата земја е клучно што поскоро државите членки на ЕУ да се усогласат за методологијата и Северна Македонија да добие датум за почеток на преговорите за време на хрватското претседателство со Европската Унија.

Двајцата соговорници на средбата разговараа и за економската соработка и инвестициите, како и за можностите истите во иднина да се интензивираат.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК