Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев блокираат покачување на платите во високото образование за 10 проценти

Прес- конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

 

ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев продолжуваат да работат директно на штета на граѓаните на Република Северна Македонија.

На два три дена сме пред распуштање на Собранието, а Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ како претседател на Комисијата за труд и социјална политика се уште не закажува седница на Комисијата на која ќе се расправа за Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите.

Со овој Предлог-закон се овозможува и вработените во високото образование, односно вработените во државните универзитети да го добијат покачувањето до 10 проценти, исто како и нивните колеги од основното и средното образование.

Христијан Мицковски и Влатко Ѓорчев на директен начин попречуваат илјадници професори и вработени во високото образование да добијат покачување на платите од 10 проценти, кое им следува од 1 јануари оваа година.

Доколку Предлог – законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.

Ги повикуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме Мицкоски и Ѓорчев барем еднаш да размислуваат во интерес на граѓаните и да престанат да ги блокираат проектите коишто на граѓаните им обезбедуваат напредок и подобар животен стандард.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вистински се грижи за сите граѓани и реализира мерки кои директно влијаат на подобрување и олеснување на животот на сите.

Затоа граѓаните на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ, наспроти штетните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, која работи само за заштита на личните и теснопартиските интереси.

.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК