27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Експерти на трибина Агенда – Економија 20 – 24 : Мошне значајно е мерките на краток рок да даваат ефекти на долг рок, еднаквост и транспарентност за сите граѓани

На трибината Агенда – Економија 20 – 24 која што денеска се одржа во Скопје активни учесници беа и експерти од економијата.

Консолидација на буџетот е она кое што беше нужно за државата да се направи, со оглед на тоа дека претходно буџетот беше лошо менаџиран и насочен кон создавање на буџетски дефицит, а на долг рок создаде и голем јавен долг.- истакна Александар Талимџиоски, финансиски аналитичар. Тој ја посочи како исправна и потребна одлуката да се консолидира буџетот.

Талимџиоски истакна дека за разлика од претходниот период од 11 години односно од 2006-2017 година кога јавниот долг порасна за фрапантни 3 милијарди денари , од 2017 година до денес имаме стабилизиран јавен долг.

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов истакна дека во економијата се мошне значајни мерките на краток рок да даваат ефекти на долг рок, па оттука се вели дека економијата треба да ја гледаме долгорочно. Важно е мерките да се складни и конзистентни за да го постигнат ефектот на долг рок. Тој ја посочи и разликата на односот на државата претходно во поглед на транспарентноста и селективноста на тоа кој ќе добие помош и поддршка и денес. Денес сите се еднакви , секој има еднакво право на поддршка и начинот на нејзино давање е транспарентен. Тоа е она што ги разликува политиките и односот на претходната власт и оваа сега.-посочи Узунов.

Многу е важно да се дадат што е можно повеќе можности за вработувања вклучително и самовработувања, можности за развој на социјалната економија, социјалното претприемништво,услугите и нешто што на граѓаните ќе им гарантира можност да се развиваат од аспект на култура, образование, здравство. Тоа значи дека економскиот раст заедно со развојот на локалните самоуправи во регионите треба да го гарантираат тоа.- истакна Билјанa Дуковска, претставник од Граѓански сектор, активистка во Македонска Платформа против Сиромаштија.

.