Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Уште еден Македонец загина сообраќајка во Италија

Македонски државјанин на возраст од 48 години загинал утрово во сообраќајна несреќа во Костиљоле вопровинцијата Асти, јавуваат италијанските медиуми, јавува 24Инфо.мк.

Нашинецот, кој живеел во Санто Стефано Белбо, со својот автомобил „фиат стило“ утрото одел на работа во Канале. Во еден момент излетал од патот и удрил во ѕидот од дворот на куќа покрај патот.

Според првичните информации, на местото немало траги од сопирање, па „фиатот“ најверојатно не се движел со голема брзина, односно на возачот му се слошило поради што изгубил контрола врз возилото. Автомобилот удрил во ѕидот, но Македонецот немал видливи повреди по телото. Неговото тело било надвор од „фиатот“ па се претпотавува дека излегол од возилото и починал.

Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата и причинта за смртта.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК