Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Отворен реновираниот оддел на Клиниката за неврохирургија

Премиерот Оливер Спасовски во придружба на министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Клиниката за неврохирургија Владимир Рендевски, денеска во Клиничкиот центар го посети реновираниот стационарен оддел при оваа клиника.

Министерството за здравство информира дека е направена целосна реконструкција на сите болнички соби, кои во најголем дел се преадаптирани во двокреветни, изградени се тоалети со бања и целосно е реновирана инсталацијата за медицински гасови.
Исто така, реконструирана е и собата за полуинтензивно лекување, која ќе биде дел од новиот оддел за ендоваскуларна хирургија по отворањето на хибридната сала.

Директор на Клиниката информираше дека во рамки на стационарниот оддел се реновирани 10 болнички соби во вид на апартманско сместување и изрази особено задоволство што е реновирана и детската соба со бања и чајна кујна.

Министерот за здравство информира дека во периодот што следи ќе се формира хибридна сала во рамките на Клиниката, со што пациентите ќе ја добијат целосната здравствената услуга на едно место и нема да треба да се транспортираат до Клиниката за радиологија или за кардиологија.

Тој најави дека во следните две недели започнува и реконструкцијата на заедничките простории на хируршките и на интерните клиники: влезовите, коридорите, ургентниот центар и најстариот дел на Клиниката за интерни болести од каде што се движат пациентите и се упатуваат низ Клиниките.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК