-Третирањето на медицинскиот отпад на „Еко клуб“, фирмата на Сашо Јанакиевски кој е тесно поврзан со опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја отвори дилемата кој и зошто манипулира со јавноста за тоа чија е вината за неодговорното однесување кон здравјето на луѓето и кон животна средина. Случајот беше пријавен од Град Скопје, а откако градоначалникот Петре Шилегов ги објави видеото и фотографиите за тоа што се случува со медицинскиот отпад, односно дека фирмата на Јанакиевски не го обработува медицинскиот отпад, пишува Локално.мк.
-Случајот со несоодветното третирање на отпадот е откриен касно вечерта на 10-ти декември. Два дена потоа инспекторатот излегува на терен за да направи записник дека се во ред со обработката на медицинскиот отпад. Потоа, кога во Град Скопје во вторникот, инспекторот- пријавувач објави фотографии и видео, инспекторите од министерството излегле уште еднаш на терен, повторно без да откријат ништо. Изворите на „Локално“ говорат дека утредента, на 11-ти декември, Јанакиевски го исчистил просторот, ги дезинфицирал машините, и затоа на 12-ти декември, инспекторите не ни можеле нешто да откријат, па останува отворено прашањето како на 12-ти декември се погодил инспекцискиот надзор. Неофицијални информации до кои дојде „Локално“, откриваат дека самиот Јанакиевски ги повикал инспекторите, откако го средил просторот, со цел да обезбеди записник кој потоа ќе го користи како доказ против доказите на градскиот инспектор Мирослав Богдановски, кој го пријави случајот. Инспекторатот може одел во редовни контроли во фирмата, но до 17 часот, до кога е пријавено работното време на „Еко клуб“ не наоѓал ништо спорно. Но, Јанакиевски бил фатен во 23 часот, кога инспекторите не работат. Градскиот инспектор пак, по многу пријави на граѓани дека таму се работи и ноќно време, упаднал и имал што да види. Останува фактот дека ако Јанакиевски тоа го правел само ноќе, тогаш државните инспектори тешко дека можеле да го откријат, пишува Локално.мк.
Целиот текст прочитајте го на Локално.мк.