Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Усвоен Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови за физички лица, над 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат избришани

Прес-конференција на Диме Велковски, пратеник на СДСМ – интегрален текст

 

СДСМ е одговорна партија и презема конкретни мерки за унапредување на животниот стандард на граѓаните.

На вчерашната собраниска седница Собранието го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, предложен од Владата која што е предводена од СДСМ.

Овој Закон заначи решавање на проблемот со старите судски и извршни предмети кој што беа трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година.

Со оваа мерка целосно се бришат каматите на долговите и каматите на трошоците во постапката што граѓните ги имаат кон јавните препријатија, основани од општините и државата.

На овој начин се бришат над 10 милиони евра долгови на илјадници семејства, пари што сега остануваат во нивните буџети.

Доверителите во државна или јавна сопственост се должни да направат целосен отпис на каматите во рок од 3 месеци од стапувањето на сила на овој закон.

Законот обезбедува исто така репрограмирање на старите долгови, односно на граѓаните им се овозмошува долговите во зависност од нивната висина да ги плаќаат на рати.

Ова се конкретни мерки кој директно го подобруваат и олеснуваат животот на сите граѓани.Граѓаните точно знаат кој работи во нивен, и кој работи во интерес на државата, а исто така граѓаните знаат кој го штити криминалот и кој се грижи за личните и теснопартиски интереси.

Затоа нема дилеми, граѓаните ќе го поддржат Социјалдемократскиот сојуз на наредниве избори на 12ти април.

На 12ти април граѓаните исто така ќе ги поддржат сите политики на Социјалдемократскиот сојуз кој обезбедуваат помали троѓоци и повеќе пари кај сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК