24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„СДСМ вистински се грижи за младите, младинските политики ја иницираат иновативноста и обезбедуваат финансиска поддршка“

СДСМ е одговорна партија која има слух за младите и преку своите мерки и политики го поттикнува личниот, социјалниот и професионален развој на младите и го унапредува младинскиот стандард, соопшти денеска СДСМ.

„Во таа насока се мерките на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), со инструменти, наменети за младите, кои ја поттикнуваат иновативноста и ја обезбедуваат неопходната финансиска поддршка.

Како дел од тие мерки се кофинансираните грантови за новоосновани старт ап и спин офф компании, при што Фондот покрива до 85% од вредноста на проектот, а досега се финансирани над 100 старт ап компании со вкупно 2,5 милиони евра.

Тука е вклучено и кофинансирањето на деловно-технолошки акцелератори, кои обезбедуваат услуги за новооснованите старт-ап претпријатија, како канцелариски простор, административна поддршка, обука, советување, менторство, пристап до ресурси за поддршка на бизнисот, како и финансиски инвестиции.

Фондот досега инвестираше 1,5 милиони евра во три акцелератори и тоа УКИМ Акцелератор, Сивус и Х Фактор акцелераторот од Велес.

Покрај овие мерки, Фондот за иновации и технолошки развој го има и предизвикот за млади истражувачи, а досега за истражувачки проекти од природните и техничките науки се доделении 10,2 милиони денари на 32 основни и 22 средни училишта низ целата држава.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите и нивните потреби и со криминалните политики го поттикнуваше иселувањето на младите од државата.

СДСМ продолжува да се залага за младите преку обезбедување на стабилност, добро платени работни места, сигурна и јасна визија за иднината дома во својата држава. Затоа младите на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!“ – се вели во соопштението.