Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Работниците во шест држави во ЕУ земаат помали плати отколку пред десет години

Работниците во шест земји на Европската Унија (ЕУ) лани заработиле пониски плати отколку пред една деценија. „Во истиот период платите на работниците во три земји членки на блокот останаа практично непроменети во текот на изминатата деценија“, според студијата на Институтот на европски синдикати (ЕТУИ).

Според овие податоци, просечните плати лани биле пониски во Италија, Шпанија, Грција, Португалија, Хрватска и на Кипар во споредба со 2010 година.

Просечниот пакет за плата, приспособен за инфлацијата, кој вклучува придонеси за социјално осигурување и бенефиции за плати, бил 15 отсто помал во Грција минатата година во однос на истиот пакет во 2010 година, на Кипар седум проценти, во Хрватска пет проценти, во Шпанија и Португалија четири проценти и во Италија два процента помал.

Истражувањето на ЕТУИ исто така покажува дека просечниот пакет на плати во текот на минатата деценија е замрзнат или малку зголемен во Финска, Белгија и во Холандија.

„Работниците во шест земји на ЕУ се во полоша состојба отколку што беа пред една деценија. Лидерите на ЕУ сакаат да се фалат со таканаречено закрепнување, но за милиони работници во многу земји на ЕУ кризата не заврши“, рече заменик-генералниот секретар на Европската Унија на синдикатите (ЕТУЦ), Естер Линч. Таа додаде дека ЕУ треба да стори многу повеќе за да го охрабри зголемувањето на платите и минималните плати и да ги поддржи колективните преговори во речиси сите земји членки на ЕУ./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК