Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

“Мицкоски чувствува одговорност само за спас на криминалците, одговорност за државата ниту имал ниту ќе има”

-Христијан Мицкоски чувствува одговорност само за спас на криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ предводени од неговиот ментор во Будимешта, Никола Груевски, порачаа од СДСМ.

-За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одговорноста за државните интереси и интересите на граѓаните се непозната категорија.

Единствената агенда на делување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е обнова на режимот. Затоа се против Законот за Јавно обвинителство, против Законот за одбрана кој е клучен за НАТО, затоа нивните министриво преодната влада ги наполнија кабинетите со кадри излезени од груевизмот. Затоа се закануваат дека ќе го уништат Договорот од Преспа и со тоа го загрозуваат членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ.

Изолација, деструкција, обнова на режимот, дејствување против граѓаните, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Со таква понуда ги очекува нов пораз на 12 април кога граѓаните ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат и ќе порачаат режим – никогаш повеќе, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК