18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Прво се слушнала експлозија – снимка од горењето на автомобил во Скопје

– Пиромањаци напаѓаат, експлодира возилово кај гимназија НОВА, стои во вечерашната објава на корисник на Твитер, кој постираше видео од изгореното возило.

Како што вечерва објави Centar.mk, вечерва околу 22 часот на улицата Букурешка било запалено возило марка Рено клио со скопски таблички во сопственост на М.М. од Скопје.

На терен дошле противпожарните екипи кои успеале да го совладаат пожарот, а полицијата врши увид.

Неофицијално се работи за намерно палење на овој автомобил.

Граѓаните последниве триесетина дена се сведоци на секојдневни палења на возила низ Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК