23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Трогателна порака: Славната актерка откри дека ѝ се вратил ракот

Актерката Шенон Доерти објави дека ѝ се вратил ракот на дојка и дека прогресирал до четврта фаза.

-Има денови кога си велам: ‘Зошто јас?’. Потоа си велам: ‘А, зошто пак не јас? Кој друг? Зарем има некој кој ова го заслужува? Никој од нас не го заслужува’. Ова е тешка таблета за проголтување, пишува таа во писмото до обожавателите на Светскиот ден на борба против ракот.

Ѕвездата на ТВ-сериите „Беверли Хилс 90210“ и „Маѓепснички“ во 2015 откри дека има рак на дојка и постојано на социјалните мрежи објавуваше детали од нејзините борба и лекување. Четириесет и осумгодишната глумица лани го сними продолжението на „Беверли Хилс“, додека дијагнозата ја држела во тајност.

-Луѓето во оваа фаза можат да работат. Животот не ни завршува кога ќе ја добиеме дијагнозата. Сѐ уште имаме за живеење, вели Доерти.