Centar.mk
БИЗНИС

Се протестира на погрешно место: Цементарница УСЈЕ не е причинител на состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје

Немаат логика какви било блокади на Цементарница УСЈЕ, затоа што сите релевантни мерења на емисиите докажуваат дека УСЈЕ не е причинител на зголеменото загадување на воздухот во нашиот град. Дополнително, неспорен аргумент е дека УСЈЕ ги имплементира сите домашни и европски регулативи од областа на заштитата на животната средина во индустријата. УСЈЕ ништо не крие и постојано е отворена за сите заинтересирани граѓани, активисти и невладини организации, затоа што веруваме во отворена, аргументирана и одговорна дебата.

Исто така, активистите од групата Чист воздух, како и претставниците на О2 коалиција неколкупати директно ги поканувавме да нѐ посетат за детално да се запознаат со начинот на работа на Цементарница и во отворен и директен разговор да ги размениме аргументите. Цементарница УСЈЕ  тоа го прави, искрено верувајќи дека со невладиниот сектор има заеднички интерес – реална и прецизна идентификација на факторите кои влијаат на зголемувањето на аерозагадувањето и заедничка систематска борба за подобрување на квалитетот на воздухот во нашиот град, која ќе доведе до ефикасни решанија во интерес на граѓаните.

И покрај нашата подготвеност за дијалог со сите заинтересирани страни, продолжува неаргуметираниот напад врз компанијата со целосно неточни и невистинити тврдења кои ниту се потврдени од релевантни фактори, ниту пак за тоа постојат реални докази. Ваквата состојба во која е ставена нашата компанија не води кон подобрување на состојбите, бидејќи тоа е можно само со аргументи и со реални показатели и факти, а истовремено е крајно неодговорна. Сите мора да сносиме одговорност за јавно искажаниот збор. Апелираме да не се шират непроверени информации и шпекулации за оваа важна тема, затоа што тие, покрај врз компанијата, нанесуваат штети и во напорите за лоцирање на вистинските проблеми со амбиенталниот воздух во нашиот град и врз преземањето ефективни мерки за почист воздух, а единствено имаат популистички ефект.

Искрената борба за чист воздух и здрава животна средина се гради исклучиво врз аргументирани факти.

Во интерес на јавноста уште еднаш сакаме да потенцираме дека Цементарница ги има имплементирано најстрогите стандарди и најдобрите достапни практики и технологии во индустријата. УСЈЕ континуирано и без исклучок ги спроведува сите постапки пропишани со домашната регулатива и паралелно ги следи оние кои важат за земјите на Европската Унија. Сите мерења на емисиите докажуваат дека Цементарница УСЈЕ не е причинител на зголеменото загадување на воздухот во нашиот град. Континуираните 24-часовни независни мерења, врз кои немаме можност да влијаеме, покажуваат дека емисиите на Цементарница се постојано под, а во делови и неколкукратно пониски од законски дозволените вредности. Минатата година УСЈЕ започна со користење на алтернативни горива во целосно транспарентен процес. На отпочувањето на оваа нова инвестиција му претходеа јавни расправи, презентации и информации до медиумите, јавноста, невладините организации, граѓаните и институциите.

Употребата на алтернативните горива спаѓа во групата на еколошки технологии. Ваквите технологии повеќе децении се користат во развиените индустриски земји и во Европската Унија и претставуваат едно од најефикасните решенија, покрај другото и за проблемот со ширењето на депониите за отпад. Во некои земји од Европската унија,  употребата на алтернативни горива во цементната индустрија е над 50% од потребите за енергенси – Германија со 65%, Чешка 62%, Белгија 53%, Полска 52%, Шведска 48%. Генералниот просек во Европската Унија изнесува 41% (2017 година). Во УСЈЕ, моментално, од вкупната количина на енергенси што ги користиме, на алтернативно гориво отпаѓа 4%.

УСЈЕ врши контролни испитувања на квалитетот на воздухот и тие редовно докажуваат дека состојбите со амбиенталниот воздух во нашиот град немаат никаква корелација со работата на Цементарница. Загадувањето на воздухот во градот е највисоко во зимските месеци, и тогаш кога печките на Цементарница УСЈЕ не работат поради годишни ремонти, а обратно, тоа е најниско во летните месеци кога УСЈЕ работи со 100% од својот капацитет. Последното такво испитување, направено од акредитирана лабораторија на 10-11 јануари 2020 година, период кога не работеше ниту една печка на Цементарница УСЈЕ, покажа високи вредности на загаденост на воздухот на сите испитани точки во градот, вклучително и во кругот на УСЈЕ. Оттаму, јасно е дека не постои врска помеѓу високата аеро-загаденост и работата на Цементарница УСЈЕ.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +