Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Николовски: Струмица добива модерен откупно-дистрибутивен центар во вредност од 6.2 милиони евра

Струмица добива модерен откупно-дистрибутивен центар во вредност од 6.2 милиони евра, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Денес во Струмица со гордост може да го потенцираме и повториме проектот за модернизација на земјоделството. Проект на којшто СДСМ оваа Влада, министерството работеше во сите изминати месеци односно, две години интензивно се работеше да го финализираме. И пред два дена во Бордот на Светска Банка веќе е донесена одлука со којашто проектот за модернизација на земјоделството на Северна Македонија е одобрен, односно се одобруваат 46 милиони нови средства и пари за земјоделството. Од овие 46 милиони, 32 милиони евра се токму за изградба на откупно дистрибутивни центри. На тоа се потпираше и програмата и ветувањата на СДСМ за подобрување на состојбата во аграрот и за подобрување на откупот и пласманот на земјоделските производи. Еден од овие откупно дистрибутивни центри ќе се гради во Струмица и во Струмичко, односно 6,2 милиони евра се предвидени токму за откупно-дистрибутивен центар којшто ќе се гради во овој регион“ рече тој.

Николовски кажа дека во Струмица со земјоделците и граѓаните ќе разговараат за сите други предизвици во земјоделството.

Можеби ќе ве интересира

Продолжува поддршката на Американскиот мировен корпус во градење поинклузивна училишна средина и јакнење на јазичните вештини на учениците

ДЕСК

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.