Centar.mk
БИЗНИС

Расте бројот на невработени во Германија – бројката стигна до 2,43 милиони луѓе

Стапката на невработеност на Германија надмина пет проценти во јануари, најмногу поради временските услови. Бројот на невработени укажува и на понизок економски развој, покажуваат податоците на Федералната агенција за труд.

Според тие бројки, стапката на невработеност се искачила на 5,3 проценти во јануари од 4,9 проценти во декември.

„Во Германија, вкупно 2,43 милиони луѓе се регистрирани како невработени и таа бројка е зголемена за 198.000 во однос на декември“, се вели во соопштението.

Германската економија беше во пораст десет последователни години, но минатогодишниот раст од 0,6 проценти е најслаб од 2013 година./Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Стандард и Пур“: Банкарскиот сектор е стабилен, а инфлацијата на среден рок ќе се врати на историскиот просек

C +

Евростат: Луксембург најбогата европска земја, Македонија под просекот

C +

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК