Дополнителната заменик-министер има увид во годишните планови – односно евиденцијата за кадровски решенија во институциите, реагираат од Министерството за финансии на обвинувањата на дополнителниот заменик-министер во Министерството за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
„До дополнителната заменик-министерка – по нејзиното барање ѝ беа доставени годишните планови за планирани вработувања на институциите за 2020 и 2019 година по буџетски корисници од прва линија и за јавните претпријатија, каде може да се најдат сите вработувања, унапредувања и пензионирања предвидени по институција. Со овој допис доставена е евиденција за кадровското екипирање на институциите за тековната и претходната фискална година, од каде јасно може да се видат сите движења“, велат од МФ.
Во однос на известувањата на институциите за вработувања – односно согласностите, додаваат од Министерството, ве известуваме дека задача на Министерството за финансии е единствено проверка дали институцијата има обезбедено средства во буџетот во тековната фискална година за вработувањето, а не и одобрување на истото. Законска обврска на Министерството за финансии е да известува дали се обезбедени средства во буџетот на барателот или не, а не да води политика на вработување.
Од таму велат дека се одговара на сите барања за податоци на дополнителната заменик-министерка и се доставуваат податоците.