Centar.mk
БИЗНИС

„Фејсбук“ месечно има по 2,5 милијарди корисници

Глобалниот информатички гигант „Фејсбук“ објави дека ја завршил 2019 година со 2,5 милијарди корисници месечно ширум светот, што претставува зголемување за осум проценти во однос на претходната година.

Како што е соопштено, 2,89 милијарди луѓе користат барем една од нивните услуги месечно
– Фејсбук, Вотсап, Инстанграм или Месинџер, додека 2,26 милијарди луѓе користат најмалку една од нивните услуги дневно.

Растот е забележан и покрај критиките од јавноста на штета на компанијата, меѓу другото поради загриженоста за начинот на кој се користат личните податоци на корисниците.

Компанијата соопшти дека приходите достигнале 21 милијарди американски долари во последниот квартал од 2019 година, што е за 25 проценти повеќе во однос на истиот период претходната година. „Фејсбук“ оствари профит од 7,3 милијарди американски долари во истиот период./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Споделувајте по ваши правила со Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Нафтените гиганти го предупредуваат Трамп: „Кризата ќе ескалира, постои само едно решение“

C +

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ГРАТИС КЛИМА ИНВЕНТЕРИ: Објавени списоците на граѓани кои се стекнаа со право на инвертер клима – започнува постапката за подигнување ваучери, рок 30 дена

ДЕСК