24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во Црна Гора има 66 милионери

Според податоците на Централната банка (ЦБЦГ), во Црна Гора има 66 милионери, кои на банкарски сметки имаат еден милион евра или повеќе.

„Според првичните месечни податоци доставени од банките на 31 декември минатата година, во Црна Гора има 66 лица кои имаат депозит од 1 милион евра и повеќе“, велат од тамошната Централна банка.

ЦБЦГ соопшти дека најголемиот депозит, кога станува збор за граѓаните, изнесува 17,9 милиони евра.Законот спречува да се открие идентитетот на лицето кое има „најдебела“ банкарска сметка. Сепак, според тамошните медиуми, станува збор за странски државјанин кој имал највеќе пари во црногорските банки.

Најголема е бројката на граѓани кои имаат од од 1 милион до 5 милиони евра во банка.
„63 лица имаат депозити во износ од еден милион до пет милиони евра. Двајца имаат депозит во износ од пет до десет милиони и еден од десет до 20 милиони“, велат од ЦБЦГ.

Податоците покажуваат дека е намален бројот на милионери, бидејќи според податоците претходно објавени во септември минатата година, депозит поголем од 1 милион евра во Црна Гора имале 71 граѓанин.На почетокот на 2018 година Црна Гора имаше 64 милионери, а во октомври 2017 година имаше 48 милионери.