5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Видео снимено среде Скопје ги запали социјалните мрежи – Со „Мрш од тука, короништа едни“ граѓанин им се дере на недолжни кинези

Додека медиумите интензивно известуваат за опасниот коронавирус кој создаде сериозни проблеми во Кина, на социјалните мрежи во Македонија се споделува видео снимено во Скопје, во кое може да се забележи како Македонец пцуе, брка и расистички навредува луѓе од Азија.

„Мрш од тука“, „короништа едни“, „вратете се во Кина“, се дел од коментарите на човекот, заедно со сочните пцовки кои ги упатува кон Азијците.

Снимката која беше објавена од шокирани граѓани кои го забележале видеото на нечиј инстаграм профил, предизвика и бурни реакции на социјалните мрежи.