17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шахпаска кон Ѓорчев: Зошто ги блокирате сите закони што се во интерес на граѓаните?

Пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, порача дека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира законите во Собранието кои се интерес на граѓаните. Обраќајќи му се на пратеникот Владимир Ѓорчев Шахпаска праша зошто ВМРО-ДПМНЕ работи против интересите на граѓаните.

ВМРО ДПМНЕ ги кочи сите Закони којшто испорачуваат и адресираат проблеми на граѓаните, зошто го кочите Законот за отпис на камати и репрограмирање на долговите?, Зошто го кочите Законот за лустрација кој го користевте за лов на вештерки и неистомисленици на тогашнато владејачко мнозинство? Зошто Законот за легализација на земјиштето, зошто законот за урбанистичко планирање со 250 амандмани којшто ги усогласија заедно двете работни групи? Бевте против детски, против образовен додаток. Три месеци го кочевте Законот за спречување на корупција, а не гласавте за Законот за минимална плата, излеговте,порача Шахпаска.