Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Партискиот „професионалец“ на Чулев Ристо Ставревски води состанок на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ

По назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје од страна на техничкиот министер Наќе Чулев во јавноста повторно беа актуелизирани „бомбите“ од кои се слуша како Ставревски директно влијае врз гласачи, односно одработува за ВМРО-ДПМНЕ.

До нашата редакција стигнаа и нови докази за негова партиска инволвираност што покажуваат дека не само што не се работи за професионалец туку за класичен партиски послушник.

Од фотографиите што ги објавуваме се гледа како Ставревски води партиски состанок воп Оопштинскиот комитет Ѓорѓе Петров во друштво на Владо Мисајловски, во својство на потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Бојан Стојановски, во својство на претседател на ОК Ѓорче Петров.

Техничкиот министер Наќе Чулев треба на јавноста да и одговори дали преку ваквите партиски послушници планира да организира фер избори.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ќе има редовни избори, но ако има иницијатива од опозицијата за предвремени избори, ќе ја поддржиме и одиме на избори

ДЕСК

Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот

ДЕСК

Мицкоски: Ако Мацура работел со руски капитал, зошто Владата на СДС и ДУИ влегла во деловни односи со таа банка

ДЕСК