Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение против негувателката која малтретираше дете во игротека во Аеродром

Скопското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против негувателката која на 21 ноември минатата година беше забележана како малтеретира двегодишно дете во игротека на угостителски објект во населба Аеродром.

Како што информираат од Обвинителството, додека родителите биле на работа негувателката повеќепати го удрила детето со шлаканици, го давела со раката држејќи го во пределот на лицето и устата и неколкупати го подигала и удирала од земја. Детето во неколку наврати се обидувало да ѝ побегне, а од малтретирањето се здобило со телесни повреди.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност од бегство на обвинетата, како и можност таа да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +