Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Локвенец: Случувањата во предметот Рекет ја потврдуваат потребата од носење на Законот за ЈО

Прес-конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ – интегрален текст

 

Во судскиот процес „Рекет“ во изминатиот период како сведоци се појавија тројца обвинители, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми и Елизабета Јосифоска. Од нивните искази уште еднаш стана јасно дека општата ситуација налага итна правда.

Правосудниот систем е загрозен од политички и бизнис елити кои се инсталирани во време на режимот на Никола Груевски

Таквата правосудна машинерија, избрана на судско- обвинителските позиции по заслуга на ВМРО ДПМНЕ, кога режимот немаше критеруми за избор туку одлучуваше партијата според послушноста и довербата на кадрите, не може лесно да се искорени.

СДСМ останува да се бори за правда и праведност и ќе сториме се за да го прекинеме триаголникот партија – бизнис – судство. Потврда за нашите искрени заложби во создавање ефикасен правен систем, е токму предметот „Рекет“, но и новото досие „Рекет 2“ каде што на одговорност се повикуваат лица од сите општествени сфери, а некои од нив имале и релации со СДСМ.

Случаите „Рекет“ се демонстрација на неселективна правда и на професионално и непристрасно постапување на правосудните органи, она што треба да биде основна лекција на судиите и обвинителите. Граѓаните очекуваат завршница на овие два предмета, исто како што очекуваат дека правдата ќе ги стигне и сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се гонат за милионски криминал и корупција во предметите на СЈО.

Почитувани

Граѓаните се тие кои ги ценат нашите постапки. Тие знаат кој има искрен пристап во реформирањето на судството, а кој настојува да го заштити криминалот во сопствените редови. Последна потврда за ова е Законот за јавно обвинителство кој им ги пореметува плановите на Груевски и Мицковски за затворање на случаите на СЈО и амнестија за криминалот.

Ветувавме правда за сите и тоа гарантираме дека ќе го исполниме. Правдата повеќе не може да се крие. Ова е период кога државата станува членка на НАТО и започнува преговори со Европската Унија и затоа не ни помислуваме да правиме компромиси во име на правдата.

Едноставно порачуваме – тој што направил и трошка криминал има да одговара и да оди во затвор. Попусто се обидуваме две години да создадеме функционален правен систем кога единствен интерес на ВМРО-ДПМНЕ е како да ги спаси своите функционери. Затоа се и против предметите на СЈО, како што се и против досието „Империја“.

Партијата на Мицковски со негласањето на Законот за јавно обвинителство ја загрозува правната држава, европската перспектива на младите, а ги промовира криминалот и корупцијата како легални форми за водење држава.

Носењето на Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, вклучително и „Рекет“ и „Империја“ да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така граѓаните ќе му веруваат на правосудниот систем.

Затоа граѓаните на 12-ти април ќе заокружат правна држава, владеење на правото и правда за сите. А ние ќе им ги испорачаме.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК