Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Калевска-Ванчева: Законот за ЈО обезбедува политиката да остане надвор од изборот на обвинителите, пратениците да го поддржат

Прес-конференција, Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка на СДСМ – интегрален текст

 

Јавната расправа за Законот за јавно обвинителство во Собранието продолжува и денеска.

Од вчерашната дебата јасно се истакна потребата од носење на квалитетно законско решение кое ги зајакнува капацитетите на правната држава.

Како и досега, ВМРО-ДПМНЕ остана доследен противник на Законот. Наместо на страната на правдата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со своето однесување останаа на страната на криминалот.

Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што то е начин да се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Она што е битни и она што ова законско решение го обезбедува е тоа политика да остане надвор од изборот на обвинителите. На тој начин им се остава простор за независно, стручно и објективно постапување.

Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства.

Законот за јавно обвинителство не е никаков услов пред ЕУ но со неговото донесување создаваме дополнителен аргумент, покажуваме демократски капацитет за градење на силни, независни институции кои ќе се борат против криминалот и корупцијата.

Тоа е важно за државата, за правдата и за сите граѓани.

Убедени сме дека свесноста кај пратениците од важноста за овој Закон е голема и дека по влегувањето во собраниска процедура ќе биде обезбедено потребното мнозинство за негово донесување.

 

Можеби ќе ве интересира

Напишал коментар на социјална мрежа, полиција му затропа на врата

ДЕСК

Грабеж во најголемите гужви во срцето на Скопје – Арамија со закана од огнено оружје одзело пари од вработената

ДЕСК

УПАДНАЛ ВО КАЗИНО, ЈА НАПАДНАЛ ВРАБОТЕНАТА И ГИ СОБРАЛ ПАРИТЕ – Уапсен маж кој ограби казино во Охрид

ДЕСК