24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Преку реални мерки го враќаме достоинството на спортистите и го подобруваме статусот на спортот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателот на Комисијата за спрот на СДСМ, Наумче Мојсовски и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, учестуваше на средба со спортски работници од Општина Гази Баба.

По 11 години игнорирање на спортистите, спортските работници СДСМ презема конкретни мерки да го врати достоинството на спортистите и довербата во спортот, истакна претседателот Заев на средбата со спортските работници од Гази Баба.

Заев ja посочи разликата со 2016 година кога за спортот биле одвоени 60 милиони денари, со 2019 година ккога се вложени 244 милиони денари, што ја покажува разликата помеѓу концептите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Константно се преземаат мерки кои ги подобруваат условите за спортистите и спортските работници. Ги враќаме салите во владение на општините, за локалната самоуправа да може ефикасно да усправува со нив. Тоа досега го направивме со салата Партизан во Карпош, во Општина Кисела Вода со салата Расадник, и во oпштините Куманово и Радовиш, со тоа што самите спортски објекти веќе се достапни за сите граѓани, сите спортисти, рече Заев.

Спортот е многу важен сегмент од општеството, од секојдневното живеење и затоа сериозно му пристапуваме. Обврзани сме да го вратиме спортот на прав пат, да обезбедиме негов развој и да продолжиме да се радуваме на успесите на нашите спортисти, заклучи Заев.

Претседателот на Комисијата за спрот на СДСМ се осврна на една од најважните мерки на кои СДСМ работи.

Како ракометар со 20 години ракометна и репрезентативна кариера, немам 1 ден стаж а како мене има многу вакви примери, ние тоа го менуваме, спортистите добиваат услови за пензиско и здравствено осигурување и пензија, приход или плата, ја исправаме децениската неправда кон спортистите истакна претседателот на Комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски.