Centar.mk
БИЗНИС

Владата ја одобри тендерската документација за првата фаза во постапката за доделување на договор за јавно приватно партнерство за гас во Македонија

Владата ја разгледа и усвои информацијата и ја одобри тендерската документација за првата фаза од постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

Во врска со оваа постапка за дистрибутивниот систем за гас, Владата го прифати текстот на Договорот помеѓу Министерството за економија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување на консултантски услуги во врска со Договорот за концесија за дистрибуција на природен гас и го овласти Министерот за економија, Крешник Бектеши да го потпише договорот со ЕБОР.

Можеби ќе ве интересира

Падна одлука во РКЕ – Поскапува дизелот, бензинот останува со иста цена

ДЕСК

Драстичен пад на цената на нафтата на светските берзи, откако Трамп ги одложи нападите врз Иран

ДЕСК

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.617 денари

ДЕСК