6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Митрески: Јавната дебата е можност ВМРО-ДПМНЕ да покаже дали е за Законот за ЈО или е за одбрана на криминалот

Прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата – интегрален текст:

Денеска во Собранието започнува јавната расправа за Законот за јавното обвинителство.

Очекуваме отворена, суштинска, плодна дебата за ова законско решение кое значајно за правдата и за сите граѓани.

Воедно, ова е можност ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да одлучат, дали ќе застанат зад Законот за јавно обвинителство или како и досега ќе застанат зад криминалот.

Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот.

Сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение кое обезбедува независност и професионалност на јавните обвинителства, само ВМРО ДПМНЕ се против.

Очекуваме дека со денешната јавна расправа ќе се подобри текстот на Законот кој е важен за нашиот евроинтегративен процес. Законот за јавно обвинителство не е услов пред ЕУ, но е добра можност да покажеме дополнителен аргумент, да покажеме демократски капацитет за градење на силни, независни институции кои ќе се борат против криминалот и корупцијата.

Убеден сум дека свесноста кај пратениците од важноста за овој Закон е голема и дека по влегувањето во собраниска процедура ќе биде обезбедено потребното мнозинство за негово донесување.

Спонзорирано: