Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дај ми 200 евра или сите ќе ги видат голите фотки – Скопјанка била уценувана

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против еден жител на селото Орешани за кривично дело – Уцена предвидено и казниво согласно член 259 став 1 од Кривичниот законик.

За лицето на возраст од 22 години постои основано сомнение дека, со намера да прибави противправна имотна корист, уценувало своја 26-годишна познаничка дека за неа ќе открие, односно јавно ќе објави компромитирачки материјал – фотографии кои ќе и наштетат на нејзината чест или углед. На тој начин осомничениот ја присилил оштетената да му даде парични средства во висина од околу 200 евра.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти со оштетената.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК