22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За да не го гласа Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ „италијански“ лаже дека друг местел избори

Италијанскиот весник „Ла верита“ и Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ се двете фабрики за продукција на лажни вести со крајна цел партијата на Христијан Мицковски да има измислено алиби за тоа што не го гласаат новиот Закон за Јавно обвинителство, иако законот се наметнува како клучен во оваа фаза од евроитеграцискиот процес на државата, се вели во анализата на Civilmedia.

Изборите во 2014-та година, парламентарните и претседателските, оние кои се кулминацијата на криминалниот изборен инженеринг на ВМРО-ДПМНЕ, ќе останат запаметени по притисоците, уцените и заканите на партијата кон гласачите, а не по тоа дека некој од СДСМ манипулирал со граѓаните.

Врвот со наместени и однапред организирани избори е во 2014-та, годината кога СДСМ, токму заради партиската уценувачка машинерија на ВМРО ДПМНЕ, мораше да излезе со став дека не ги признава изборите. И сега се појавува дилемата – како во време на интензивен и бескрупулозен режим, со развиена криминална шема за крадење избори, а со став на тогашната опозиција дека изборниот процес е украден, наеднаш ВМРО-ДПМНЕ нарачува сторија во „Ла верита“ со која сака да го дискредитира Зоран Заев за наводно местење на избори.

Целата анализа прочитајте ја на овој линк.