Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Влада посветено работи и има цврста определба на сочувувањето на сеќавањата и вистината за холокаустот

Фејсбук статус на Мила Царовска:

Денес одбележуваме 75 години од ослободувањето на најголемиот нацистички концентрационен логор Аушвиц во кој што животот го загубија над 1 милион луѓе, најголемиот број од нив Евреи.

Одбележувањето на овој ден е прилика да се потсетиме на сите жртви на холокаустот, меѓу нив, и над 7.000 Евреи од Скопје, Битола и Штип кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во концентациониот логор Треблинка .

Оваа голема трагедија е врежана во нашата колективна меморија и не смееме да дозволиме никогаш повеќе да се повтори.

Токму затоа оваа Влада посветено работи и има цврста определба на сочувувањето на сеќавањата и вистината за холокаустот.

Се бори против дискриминација говорот на омраза, расизмот и другите форми на кршење на човековите права.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК