Шестнаесет годишен малолетник од Мала Речица-Тетово, вчера по претходна расправија, а потоа и физичка пресметка со остар предмет му нанел убодна рана на 15-годишен малолетник.
Настанот, како што информираат од МВР, се случил во билијард клуб на улицата Илинденска во Тетово.
Бонус видео:
Потоа повредениот малолетник бил пренесен во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош.
Осомничениот малолетник бил приведен во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


