Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

За две години 6 нови лекови за лицата со ретки болести

За две години за лицата со ретки болести, Министерството за здравство воведе 6 нови лекови. Откако во изминатите три години буџетот за пациентите со ретки болести е тројно зголемен, од 210 милиони денари во 2017, во 2018 на 224 милиони а во 2019 е 380 милиони денари, буџетот за ретките болести за оваа, 2020 година има најголем скок на 527 милиони денари.

“Пациентите со ретки болести ќе го имаат потребниот лек. Покрај тоа воведовме и електронски регистар за ретки болести. Имаме одлична комуникација со граѓанските организации и пациентите, заеднички сме посветени за унапредувањето на здравјето на сите пациенти со ретки болести. Со нив заедно ги поставивме целите и приоритетите за националната стратегија за ретки болести, 10 годишен документ кој ќе стане стратешки документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести. Продолжуваме и понатаму со вистинска грижа”, стои во постот на фејсбук профилот на министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.