Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Со младинскиот додаток ќе се стимулираат стручните професии

Законот за младински додаток државата обезбедува по 3.000 денари месечна исплата на вработените во дејностите на производство до 23 годишна возраст, за самовработените, за вработените преку приватна агенција, како и за младите индивидуални земјоделци.

Од владејачкиот СДСМ сметаат дека со оваа мерка ќе се подобри животниот стандард на младите, но ќе се стимулира и атрактивноста на стручните занимања за кои постои голем интерес на пазарот на трудот.

Позитивен ефект ќе имаат и работодавачите на кои, преку оваа мерка, им се излегува во пресрет со квалификувана работна сила, која тие постојано ја бараат помеѓу младите, велат од владејачката партија.

„Овој младински додаток, кој во иднина може и да се зголеми, заедно со мерките за зголемување на интересот за стручно образование, зголемениот фонд на оперативните мерки за вработување, како и тренинзите за барани профили на пазарот значително ги менуваат условите за работа на младите“, нагласи СДСМ.

Според нив, потврда дека државата е на прав пат преку младинските политики се бројките за невработеноста кај младата популација. Во 2016-та процентот на невработени беше 48 отсто, а до крајот од 2019-та е намален на 35 отсто, додава СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК