Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Шкријељ: Прекрасната Атиџе од „Медена земја“ е наша гордост и за сите нас е национална хероина

Фејсбук статус на дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ:

Прекрасната Атиџе од „Медена земја“ е наша гордост и за сите нас е национална хероина. Најмалку што можеме да направиме е да ѝ обезбедиме услови за достоинствен живот. Денеска имав можност лично да се запознаам и да се информирам дека таа и нејзиното семејство се корисници на повеќе права од социјалната реформа.

Исто така сум среќна што Општина Лозово ќе се погрижи за санација на кровот на куќата на Атиџе во село Дорфулија.

Атиџе ти си инспирација за секоја жена, пример дека може да се успее во се што се работи и при тоа да води сметка за природата. Доказ за тоа е твојата животна филозофија „задржи половина за себе, а другата половина остави им ја на пчелите“. Земањето од тоа што ни го дала приридата за да се преживее, без при тоа да не се наштети и да се обезбеди одржливост е лекција којашто сите треба да ја научиме за да го сочуваме светот за идните генерации.

Можеби ќе ве интересира

ПОВРЕДЕН 62-ГОДИШНИК ПРИ РАБОТА ВО КИСЕЛА ВОДА – Известен е трудов инспектор

ДЕСК

СКОПЈАНЕЦ ПРИЈАВИЛ НАПАД ВО КИСЕЛА ВОДА – Го нападнале две лица што ги познавал

ДЕСК

ТАТКО ПРИЈАВИЛ НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНАТА ЌЕРКА – Ги посочил нејзиниот партнер и неговата мајка

ДЕСК