Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вечерва многу магла низ Македонија: АМСМ со важни податоци

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 50 – 100м. на патниот правец Велес – Катланово, од 10 – 15м. на патниот правец Тетово – с. Гајре, до 50м. на патниот правец Св. Николе – Куманово, од 100 – 150м. на патните правци Битола – Прилеп, М. Брод – Кичево, Дебар – Струга и Ресен – Охрид.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

C +

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

C +

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +