6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Томе Мојсовски: Оваа Влада, јас и МЗШВ, никогаш нема да штитиме криминал, законот мора да се почитува

Кога колега ќе ти зарие нож во грб и удира по честа е ден кој што би сакал поскоро да го заборавам.

Денеска ме изненади објавата на ДПМНЕ и нивниот креатор за ширење лаги и невистини во МЗШВ, кој не заслужува ни името да му го спомнам, а во моментот е на работно место заменски министер.

Притисоците и заканите не се одлика на Владата предводена од СДСМ. Тоа што е објавено е сосема извадено од контекст и не соодејствува со разговорот меѓу мене и мојот колега Јован Бојчевски, кој е задолжен испектор по рибарство во Охрид. Најодговорно тврдам дека ниту сум се заканувал на некого ниту сум правел притисоци. Документите што стигнаа до МЗШВ од МВР, укажуваат на непочитување на договорот за концесија и неефикасност во работата на Државниот инспекторат за земјоделство, Сгруга и Охрид и концесионерот на Охридското езеро “Летница-Белвица”, во делот на контролите за откривање и спречување на криминал. Разговорот беше во контекст да му се укаже на грешките што ги прави, а кои може да ги исправи!

Оваа Влада, јас и МЗШВ, никогаш нема да штитиме криминал, законот мора да се почитува, институциите се и мора да бидат во функција на граѓаните.

Затоа во интерес на вистината утре ќе поднесам кривична пријава до МВР, за неовластено прислушкување и тонско снимање. Ке оставам на институциите да откријат кој и зошто неовластено снимал, споделувал и објавувал.

Фејсбук статус на Томе Мојсовски, советник на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

Спонзорирано: