Centar.mk
ЛОКАЛНО

Концерт на Петар Грашо за Водици во Охрид

Во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18 јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

На 19 јануари, на денот на празникот, со почеток во 10 часот на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Во насока на збогатување на содржините за гостите, на 20и јануари во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, на празникот Свети Јован Крстител, на Градскиот плоштад со почеток во 12 часот ќе се одржи концерт на македонската фолк-ѕвезда Миле Кузманоски.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛКА ОД 13 МЕТРИ И СВЕТЛЕЧКИ УКРАСИ ЗА СКОПЈЕ – Новогодишното украсување проценето на 4,5 милиони денари

ДЕСК

ЗАПАЛЕНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО СКОПЈЕ – Ѓорѓиевски бара итна истрага од МВР и проверка на снимките од „Безбеден град“

ДЕСК

НОВИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРНИК – Еве кои улици ќе бидат без електрична енергија на 17 ноември

ДЕСК